Kaдетите со две контролни средби против Црна Гора

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија ќе се собере на подготовки по новогодишните празници, од 2. до 5. јануари 2026 година.

Под раководство на селекторот Горан Кузманоски, младите ракометаши ќе ги интензивираат тренинзите во пресрет на настапот на Европското првенство за кадети, кое следната година ќе се одржи во Србија.Како дел од подготовките, договорени се две пријателски средби со соодветната кадетска селекција на Црна Гора.

Овие контролни натпревари ќе им послужат на избраниците на Кузманоски да ја проверат формата и да ги усовршат тактичките варијанти пред шампионатот кој ги чека во август следната година.

Собирот и пријателските средби претставуваат важен чекор во финалната фаза од подготовките на македонските кадети, кои имаат амбиција да остават позитивен впечаток на европската сцена.

 

Се вчитува...