Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија, заврши на последното место на ЕП во Скопје. Во борбата за разигрување, односно за избегнување на „фенерот“, Македонија загуби од Белгија, селекција која ја совладаа претходно.
Белгијците на крајот славеа победа од 90-72, и на некој начин и се одмаздија на Македонија за поразот по првото коло. Двете селекции идната сезона ќе се натпреваруваат во Б дивизијата.
И покрај водството во текот на првиот дел, Белгија со 8-0 направи пресврт и дојде до водство, после кое констнатно го зголемување, и дојде до првиот триумф.
Најков со 21 поен беше најефикасен, додека Марјановиќ постигна 10 пени. Џејден Хоџ кај белгиската репрезентација оствари 30 поени и 18 скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА