Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години го забележа првиот пораз на квалификацискиот турнир за пласман на ЕП 2026 година. Откако вчера нашите надежи беа подобри од Финска, денеска тие загубија од Грција со 31-32.
Во првиот дел нашите надежи беа за нијанса подобар противник па на пауза заминаа со позитива од 18-16. Грците успеаја да се вратат во егал во вториот дел и да го одведат мечот во неизвесна завршница. Таму, грчките ракометари се снајдоа подобро и на крајот славеа со 31-32. Попоски и Николоски со по шест гола беа први имиња во нашиот табор, додека кај Грците Сараванос и Јанцис постигнаа по пет гола.
Во последното коло нашите надежи ќе играат против домаќинот Луксембург, а тој меч е закажан за утре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

