Кадетите со прва победа на ЕП Б дивизија, триумф над Словачка

Македонската кадетска репрезентација со победа го заврши настапот на Европското првенство Б дивизија кое се играше во Скопје. На крајот македонските кадети победија со 84-60, и со тоа ќе разигруваат за пласман од 9-тото до 16-тото место, додека Словачка заврши на последната позиција.

Во голема мера победата беше решена во првиот дел, кога Македонија ги доби првите две четвртини со 13-21 и 16-23, па во вториот дел само ја одржаа предноста до крајот.

Павел Ѓиновски со 21 поен беше најефикасен во нашата селекција, а исто толку постигна и Словакот Мартин Лукјанец.

Се вчитува...