Кадетската репрезентација на Македонија стигнаа до минимална победа над Словачка од 27-26 и со тоа направија крупен чекор кон пласман на Европското ракометно првенство до 18 години.
Нашите надежи одиграа еден крајно тежок натпревар против Словачка, но на крајот оваа победа веројатно ќе значи и пласман на европскиот шампионат, бидејќи до крајот ќе треба да славиме само против аутсајдерот Косово.
Петрески со осум гола беше прво име во нашиот табор, додека пет постигна Митев. Во вториот меч од нашата група Швајцарија ја оправда фаворитската улога против Косово 33-19.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА