Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години, го претрпе и третиот пораз на Евобаскетот Б-дивизија. Во меч одигран во СЦ „Јане Сандански“, репрезентацијата на Полска успеа да слави со убедливи 93-66 над нашиот национален тим.
Клучни за победата беа првата и третата четвртина, во кои Полјаците ја направија огромната разлика. Македонија, пак, ги доби вториот и четвртиот период во своја корист, но премалку да се избегне поразот. Во еден миг Полјаците имаа предност од 34 поени разлика, што беше највисоката на мечот.
Најефикасен кај Македонија беше Александар Сотир со 12 поени, додека кај Полска беше Хуберт Свиридович со 16 поени.
Претходно Македонија загуби од Кипар и од Ирска, а следен противник на Македонија е селекцијата на БИХ. Мечот ќе се одигра во понеделник во 18:30 часот, а потоа следува уште еден меч против Словачка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

