Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години ја совлада Финска со 36-29 во првото коло од квалификацискиот турнир во Луксембург за пласман на ЕП 2026. Иако резултатот е убедлив нашите надежи дури во 45 минута го урнаа отпорот на противникот.
Финците по првото полувреме имаа предност од 15-13. Во последните петнаесетина минути се влезе со егал, 22-22. Сепак, нашите надежи одиграа фуриозно во последните 15 минути и на крајот стигнаа до сигурен триумф од 36-29. Јован Петрески со десет гола беше прво име во нашиот табор, додека еден помалку постигна Бобан Поповски.
Следен предизвик за Македонија ќе биде дуелот со Грција кој ќе се игра утре, додека турнирот го завршуваме во недела со мечот против домаќинот Луксембург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

