Кадетската репрезентација на Македонија, денеска доживеа пораз на втората средба на Европското првенство А дивизија кое се игра во Скопје. Кадетите по победата над Белгија вчера, денеска доживеаја вистински дебакл од Франција со 113-56.
Македонската селекција само еднаш дојде до водство, во првите минути од мечот со 0-2, и од тогаш Франција ја презеде иницијативата. Добро се држеа нашите момци, но во финишот од првата четвртина Франција дојде до предност од 27-19. Клучна за поразот беше втората четвртина која Французите ја добија со 33-13, со што на полувреме заминаа со предност од 28 поени разлика.
Како одминуваше времето, „петлите“ само ја зголемуваа разликата, а ја добија и третата четвртина со 27-14 за уште поубедливиот триумф да го заокружат и во последната четвртина која ја добија со 26-10.
На Македонија сега и престои натпревар против Литванија, која има две победи од првите два натпревари, против Франција и против Белгија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА