Кадетската репрезентација на Македонија претрпе пораз со убедливи 22-34 на првиот од двата контролни натпревари со овој силен ривал. Мора да се истакне дека нашиот состав беше без одличниот Мартин Серафимов, одличниот десен бек кој не му беше располагање на стручниот штаб на нашиот национален тим.
Мечот беше израмнет дваесетина минути, за Унгарците пред крајот на полувремето да се одлепат и да поведат со 14-11 на крајот од првото полувреме. Вториот дел мина во целосна доминација на противникот, кој на крајот славеше со преубедливи дванаесет гола разлика.
Ристовски со седум погодоци беше прв стрелец на Македонија на оваа средба, пред Костески со четири и Митиќ со три гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА