Македонската кадетска репрезентација по вчерашната победа од 32-20 над Црна Гора, денеска доживеа минимален пораз од 29-30.
Целта на овие натпревари беше селекторот Раде Стојановиќ и неговиот тим да проверат со кои играчи располагаат од оваа генерација.
Димитар Узунчев со осум постигнати гола беше најефикасен на натпреварот, Валентин Карасманакис постигна пет гола, Славо Шулески и Андреј Стојановски постигнаа по четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА