Кадетите загубија и од Шведска, ќе се борат за пласман од 13. до 16. место на ЕП Б дивизија

Македонската кадетска репрезентација загуби од Шведска на стартот од разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на Европското првенство – Б дивизија.

Македонија, во главно израмнет меч загуби со 84-79, па на крај ќе се бори за пласман од 13. до 16. место на првенството кое се игра во Скопје.

Македонските кошаркари имаа негатива од 44-36 на противникот, па откако Шведска ја доби и третата четвртина со 23-17, се беше јасно околу победникот иако Македонија одигра најквалитетен последен период на мечот.

Бошковски со 27 поени беше најдобар поединец во македонскиот состав, а Шабани запиша 21 поен.

Се вчитува...