Кадетите загубија и од В. Британија, на крај за 16. место на ЕП Б-дивизија

Кадетската репрезентација на Македонија го загуби натпреварот за 15. место на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Скопје, на крај завршувајќи на 16-та позиција.

Македонските репрезентативци во последниот свој натпревар на првенството загубија од Велика Британија со 76-88, во меч во кој противниците доминираа од самиот почеток.

Британците ја добија првата четвртина со 16-26, а потоа рутински ја одржуваа и зголемуваа предноста до конечна победа.

Дион Шабани беше најдобар поединец во македонскиот состав со 23 поени и четири скока, Стефан Илиев заврши со 13 поени и шест скока, Дино Беговски постигна 11 поени, а Александар Сотир запиша 9 поени, два скока и една асистенција зад своето име. Кај Британците едноставно незапирлив беше Тјонгонџионза со 31 поен и шест скока.

Се вчитува...