Македонската машка кадетска репрезентација беше поразена од Молдавија со 3:1 (23:25, 25:21, 25:17, 25:18) во првиот натпревар на Балканското првенство во Нови Сад.
Главна карактеристика на нашата игра беше непостојаниот прием поради што немавме можност да организираме чисти акции. А лошо напаѓавме и на добар прием, па противникот знаеше како да го искористи тоа, се врати од негатива, беше подобар, имаше повеќе офанзивни решенија и оствари значајна победа, најверојатно за влез во полуфинале без оглед што македонските одбојкари го освоија првиот сет.
Македонија утре ќе игра со Бугарија, која е прв фаворит во групата, а вчера убедливо ја совлада Молдавија. Постои теорија за поинаков епилог, но за да се влезе во борбата за медали наместо во трката за пласман од петтото до седмото место во конечното рангирање, избраниците на селекторот Ванче Санев треба да слават над Бугарите со три освоени бода, а потоа да се гледа сет, или, пак, и поен-количникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА