Кадилак доаѓа во Ф1 во 2026 година

Формула 1 објави дека планира да го зголеми бројот на тимови за сезоната 2026, така што тимот од САД, кој е партнер со Џенерал Моторс, ќе добие место во караванот на најбрзите четири тркала.

Најавата стави крај на долгогодишниот спор што доведе до истрага од американските власти, откако сопствениците на комерцијалните права на Формула 1, Либерти Медиа, одбија да му дозволат на тимот основан од Мајкл Андрети во тоа време да влезе во натпреварувањето.

Во септември Андрети се повлече од организацијата, а познато е и името на тимот кој сега и официјално ќе се вика Кадилак Ф1 тим и ќе го предводат мнозинските сопственици на Андрети Моторс, Ден Товрис и Марк Волтер. Улогата на амбасадор на тимот ќе ја има светскиот шампион од 1978 година Марио Андрети, неговиот син Мајкл нема да има официјална функција во тимот.

Тимот во првите две години ќе користи мотор на Ферари, додека се планира соработката со Џенерал Моторс да биде официјализирана од сезоната 2028 година.

Се вчитува...