Kадиз не е Барселона: Билбао остана без муниција на гостувањето во Андалузија

Откако одиграа феноменален натпревар против Барселона во шпанскиот куп во кој постигнаа дури четири гола, фудбалерите на Атлетик Билбао денеска останаа без муниција на гостувањето кај Кадиз (0-0) во меч од 22. рунда во Ла лига.

Еден тврд натпревар во кој и двата тима не створија голем број шанси за гол, на крајот и повеќе од заслужено е ремито и поделбата на пленот меѓу овие два тима. Билбао со ова реми останува на 4. позиција на табелата во Ла лига со бод повеќе од петтопласираниот Атлетико Мадрид, но и два натпревари повеќе.

 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...