Атлетико Мадрид во последните минути доживеа пораз, откако Кадиз успеа во послените минути да дојде до триумф од 3-2 во рамки на 12-то коло.
Бонгонда во 1. минута го отвори мечот за 1-0 на домаќините. Гостите очигледно беа шокирани од ваквиот исход, па ваквата предност Кадиз ја сочува до крајот на полувремето.
Во вториот дел Кадиз успеа да ја зголеми предноста и на 2-0, кога Фернандез постигна супер гол во 81. минута, период кога се чинеше дека се е готово. Сепак, Атлетико „воскресна“ во последните минути, благодарение на автоголот на Луис Хернандез во 85. минута, додека во 89. минута на сцена конечно стапи Жоао Феликс, кој постигна гол за 2-2. Мечот беше продолжен на плус 7 минути, а домаќините го славеа името на Собрино, кој постигна гол во последните секунди за конечен триумф од 3-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

