Фудбалерите на Шкупи се подготвени за претстојниот дуел со Вардар што на програмата е утре, со надеж дека ќе успеат да ја продолжат серијата успешни настапи од последните дуели против скопските „црвено-црни“.
Шкупи е без пораз на последните шест меча со Вардар, а на последните пет дуели на скопските ривали Шкупи има пет победи со импресивна гол-разлика 11-0. Сепак, крилниот офанзивец Флоријан Кадриу предупредува дека ќе мора концентрацијата да биде на највисоко ниво, без оглед на фактот дека Вардар како последнопласиран тим на табелата ќе влезе во овој натпревар.
„Дуелите со Вардар секогаш се големи и ние сакаме да го дадеме максимумот, да победиме… Тоа е вистинско дерби, не е важно кој каде е на табелата, секогаш постои интерес во јавноста, желба за надигрување и за победа. „Шверцери“ сакаат само победа, ќе дадеме се од себе за да им ја исполниме желбата и се надевам дека на крајот заедно ќе славиме. Секој меч носи притисок, но кога играте против Вардар тој притисок е уште поголем, ите го чувствуваме тоа. Добро трениравме во последните денови, го анализиравме противникот, знаеме се за нив. Ќе влеземе во мечот како вистински борци, за да стигнеме до максимумот на ова дерби“, изјави Кадриу за клупската веб-страница на Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА