Во просториите на Агенцијата за млади и спорт, директорот Дарко Каевски организираше прием за македонските каратисти од последното Европско карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори кое запишаа одличен успех во Алборг, Данска, завршувајќи со две златни и две сребрени одликувања.
Каевски им го честиташе успехот на македонските херои и потенцираше дека нашите репрезентативци им покажале на европските карате сили дека Македонија била во врвот и ќе остане во врвот.
„Како што ветивме кога тргнавте, така и правиме. Гордо ве пречекуваме херои од 46. Европско карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори. Денес е чест е денес да се биде рамо до рамо со европските шампиони во У-21 Петар Спасеновски, категорија до 84 кг и Доан Османи, категорија до 75 кг. и сребрени медалисти Давид Петков, јуниори категорија +76 кг. и Бојан Костов, кадети до 52 кг. Нашите каратисти уште еднаш им покажаа на европските карате сили дека Македонија била во врвот и ќе остане во врвот, а тоа нашите херои го докажаа на дело со овој успех. Да упатам голема благодарност и пофалби за стручниот штаб за посветената работа со нашите репрезентативци, а исто така сакам да упатам честитки за успешната организација и работа на Карате федерацијата на Македонија. На крај сакам да ги охрабрам и оние репрезентативци кои не успеаа да се закитат со некој медал, да продолжат со напорните тренинзи и посветено да тренираат а резултатите ќе пристигнат“ – изјави Каевски на средбата со младите каратисти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА