Агенцијата за млади и спорт останува на позицијата дека Фудбалската федерација работи нелегитимно и не го признава денеска одржаното изборно собрание. Директорот на АМС, Дарко Каевски за Екипа.мк вели дека институцијата која тој ја претставува не го променила ставот околу неприсуството во Охрид, а тоа што неговиот заменик Газменд Рустеми беше присутен било исклучивно негов личен став.
„Присуството на заменикот директор е негов личен став, тоа не е став на Агенцијата. Нашиот став е идентичен, ќе ги искористиме сите можности и сите мерки кои ни ги овозможува законот со оглед дека тие не ги направија потребните промени. Ние сега ќе дејствуваме, ќе ги искористиме сите механизми и нема да дозволиме некој да работи надвор од законот“ – вели Каевски.
Каевски најавува дека чекорите на Агенцијата ќе бидат прецизирани во следните неколку дена. Не прецизираше што конкретно и со каква динамика ќе бидат мерките кои ќе ги активира АМС. Според законот, Агнецијата како крајна можност ја има и опцијата за одземање на решението за дејност спорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА