Легендарниот бразилски бек Кафу, проговори за своите денови минати во Милан, и соработката со тренерот Карло Анчелоти.
Тој кога доаѓал во таборот на „росонерите“, му било кажано дека ќе игра само на неколку натпревари, односно на само 12 во целата сезона, а на крајот играше речиси на сите.
„Анчелоти сакаше да играм само 12 меча во сезоната, а јас ги играв сите на 38 години. Никогаш не сакав да се одмарам, и освоивме се што можеше да се освои. Тајната беше во тоа што трчавме многу и што бевме во многу добра физичка форма. Анчелоти ми беше се, татко, брат…“, рече екс дефанзивецот на Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА