Кафу по трагедијата: Играв фудбал со син ми и одеднаш тој падна мртов…

Легендарниот бразилски фудбалер Кафу се појави во јавноста за првпат по големата семејна трагедија откако неговиот син Данило почина на 30-годишна возраст играјќи фудбал. За трагедијата на Кафу да биде уште поголема, тоа се случувало пред негови очи бидејќи и самиот бил дел од тој натпревар,

„Имавме закажан натпревар со пријателите, пет на пет, а Данило играше со мене. На паузата излезе, јас продолжив… три минути подоцна видовме дека нешто се случува, го прекинавме мечот, а јас само си го видов синот како лежи на тревата. Повикавме итна помош, ни рекоа дека ќе дојдат за десет минути, но јас веднаш го кренав и со својот автомобил за пет минути го однесов во најблиската болница. За жал не беше доволно, лекарите еден час подоцна ми ја соопштија трагичната вест“ – открива Кафу.

Тој не може да ги сокрие солзите кога говори за оваа огромна трагедија.

„Да се закопа сопствено дете, тоа не го посакувам никому. Се уште немам храброст да му влезам во собата, повеќе не одам на теренот каде се случи трагедијата. На секои пет дена одам на неговиот гроб, но утеха нема, поголемиот дел од времето го минувам плачејќи, им се јавувам на најблиските пријатели само за да зборувам и да се исплачам“ – неутешно говори легендарниот десен бек.

Се вчитува...