Фудбалерот за врска на Баер Леверкузен, Каи Хаверц, во летниот преоден рок ќе направи трансфер во германскиот првак Баерн Минхен, тврди „Скај Германија“. Баер Леверкузен бара отштета од 115 милиони евра за да го продаде еден од најталентираните играчи од средниот ред во Европа.
Баерн Минхен најверојатно ќе се откаже од Лирој Сане, трансферот кој беше пред комплетирање минатото лето, но крилниот играч на Манчестер Сити сериозно ги повреди лигаментите на коленото. По доаѓањето на Ханси Флик, плановите најверојатно се променија и тој би сакал да го има Каи Хаверц на „Алијанц арена“.
За Хаверц сериозен интерес покажуваат и Манчестер Сити и Ливерпул, како и Барселона и Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА