Лацио го совлада Емполи со 1-0 на „Олимпико“ во Рим, во првиот меч од 23.коло во Серија А. Фелипе Каиседо од пенал беше стрелец на единствениот гол за „лацијалите“ во 42.минута од средбата.
Со овој триумф, Лацио го прескокна Милан и се смести на четвртата позиција на табелата која носи пласман во Лигата на шампионите. Римскиот состав има 38 бода, два повеќе од Милан и два помалку од третопласираниот Интер. Миланските клубови допрва ќе ги играат натпреварите од 23.коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

