Двете македонски сениорски селекции ги реализираат подготовките за своите јунски активности. Македонската женска репрезентација под водство на селекторот Александар Андов денеска активно стартуваше со подготовките за двомечот за пласман на ЕП 2025 со селекцијата на Молдавија на домашен и гостински терен во рамките на Групата 2 од Лигата Ц.
Првиот меч од квалификациите против Молдавија го играме на 31. мај, петок, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, Скопје со почеток во 17 часот, а вториот е закажан на 4. јуни, во Кишињев, со почеток во 19 часот.
Од самиот старт на овој мини-циклус македонските девојки максимално сериозно пристапуваат на подготовките во желбата за што поуспешни настапи…, но очигледно сето тоа низ исклучително позитивна атмосфереа која ја создава и капитенот Наташа Андонова од која се очекува да ги поведе своите репрезентативни соиграчки кон победа против Молдавија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА