Кајакарот Смилев и одбојкарката Поповска – македонски знаменосци на отворањето на ЕМОФ 2025 во Скопје!

Кајакарот Кристијан Смилев и одбојкарката Матеа Поповска ќе бидат македонските знаменосци на отворањето на Европскиот младински олимписки фестивал кој од 20 до 26 јули ќе се одржва во Скопје!

На денешното официјално претставување на нашите претставници на овие игри, од МОК информираа дека македонската делегација на ЕМОФ 2025 ќе биде составена од вкупно 203 спортисти и тренери што е рекордна бројка за Македонија. Од нив 181 спортист и 22 тренери.

Македонија досега нема освоено медал на овие Европски младински олимписки игри, па желбата е сега на домашен терен да дојдеме до првото одликување во историјата.

Се вчитува...