Кајл Хајнс ќе остане кошаркар на Олимпија Милано, соопшти италијанскиот клуб. Клубот од градот на модата успешно ја продолжи соработката со искусниот крилен центар, кој во Олимпија Милано пристигна во 2020 година од ЦСКА Москва.
За три сезони во клубот освои два трофеи во италијанската лига, два купа и еден Суперкуп, а одигра клучна улога и во пласманот на тимот на фајнл-форот во Евролигата во 2021 година.
На 36-годишна возраст, Хајнс стана четвртиот играч на Олимпија во историјата кој одиграл 100 натпревари во Евролигата. Во текот на кариерата тој освои два трофеи во Евролигата со Олимпијакос и ЦСКА Москва, три пати ја добиваше наградата за најдобар дефанзивец на елитното натпреварување и беше избран во најдобриот тим на деценијата во Евролигата, во периодот од 2010 до 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА