Кајл Вокер донел одлука за својата иднина – десниот бек сака да си замине од Манчестер Сити и да се пресели во Баерн Минхен и за тоа веќе го известил Пеп Гвардиола.
Баерн уште пред извесно време испрати понуда до Вокер, дефанзивецот имаше и лични разговори со Томас Тухел, кој го убеди дека ќе има далеку позначајна улога во таборот на баварскиот гигант отколку кај „граѓаните“, каде најчесто ја грееше клупата ланската сезона. Токму ова било пресудно Вокер на 33-годишна возраст да се реши за нов предизвик во кариерата, тој веќе имал средба со Гвардиола и побарал да му биде дозволен трансфер, но стратегот на Сити засега тактизира, инсистирајќи најпрвин да биде доведена замена за Вокер, а дури потоа да даде зелено светло за заминување на англискио ветеран.
Баерн е подготвен да плати 15 милиони евра за да го осигура потписот на Вокер, а не се исклучува ниту можноста како дел од овој трансфер Сити да го добие Павар, десниот бек на баварскиот гигант кој се наоѓа на излезна врата бидејќи одбива да потпише нов договор со овој клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

