Кајри Ирвинг опериран, го чека долга пауза од кошарката

Кајри Ирвинг беше успешно опериран по тешката повреда на коленото на левата нога што асот на Далас маверикс ја заработи на натпреварот против Сакраменто одигран на почетокот од овој месец.

Дееталните прегледи покажаа кинење на предните вкрстени лигаменти, по што Ирвинг денеска беше опериран во специјалната клиника во Њујорк од страна на Докторот Рајли Вилијамс, експерт за ваков тип на хируршки зафати.

Американските медиуми информираат дека операцијата минала во најдобар ред, Ирвинг се чувствува добро, но одличниот бек допрва го очека долга рехабилитација. Нема дилема дека оваа сезона е завршена за него, а останува да се види дали одличниот кошаркар (сезонава има просек од 24,7 поени и 4,6 асистенции по натпревар) ќе биде „фит“ за почетокот од новата сезона.

Далас сезонава има огромни проблеми со повредите, особено откако Лука Дончиќ беше испратен со трејд во Лос Анџелес лејкерс. Ентони Дејвис, кој дојде како нова „ѕвезда“ на местото на Дончиќ истото така експресно се повреди, а на листата на играчи кои не му се на располагање на тренерот Џејсон Кид се уште и Даниел Гафорд, Кејлеб Мартин и Данте Ексум.

Се вчитува...