Бразилскиот ас Рикардо Кака нема да замине во пензија, туку ќе продолжи да игра фудбал и тоа во Кина, откако добил примамлива понуда од еден тамошен клуб, открива „Кориере дело спорт“. Се работи за Гвижу жичен, клуб игра во елитната дивизија и има поголеми амбиции за следната сезона. Кака треба да потпише договор на една сезона со овој клуб.
Бразилецот го пдогра последниот меч за Орландо сити, тимот од МЛС – лигата на САД кон крајот на октомври, а имаше најави дека можеби ќе се врати во Милан, да ја доигра оваа тековна сезона, по што би добил и позиција во раководните структури. Сепак, понудата од Кина најверојатно ќе ги промени неговите првични планови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА