Кака размислува за пензија: Моето тело веќе не издржува

Екс-фудбалерот на Милан и Реал Мадрид, Кака вели дека извесно време размислува да стави крај на фудбалската кариера.

„Не чувствувам веќе страст за фудбалот како некогаш. Моето тело ме издава, по секој натпревар се ме боли, сметам дека е време да ставам крај на кариерата“, истакна Кака.

Својот врв во кариерата го имаше во редовите на Милан, каде ја освои и „Златната топка“ во 2007 година, откако им помогна на „росонерите“ по седми пат да се искачат на европскиот трон. Во 2009 се пресели во екипата на Реал Мадрид, пристигна заедно со Кристијано Роналдо, но за разлика од Португалеот, Кака не се итакна во најдобро светло во „кралскиот“ дрес, пред се поради повредите. Од 2014 година игра во МЛС лигата во САД, за тимот на Орландо сити.

„Би сакал да имам кариера како Зидан. Тој откако ја заврши фудбалската кариера, посвети одредено време на себе и своето семејство, а потоа влезе во тренерските води. Моментално е меѓу најдобрите тренери во светот, би сакал да со следам неговиот пат“, додаде Кака.

Се вчитува...