Легендарниот бразилски фудбалер Рикардо Кака би можел да се врати во Милан, и на „Сан Сиро“ да ја заврши својата активна кариера, а потоа да добие и директорска функција во клубот. Оваа вест секако им се допаѓа на фановите на Милан, кој оваа сезона има големи амбиции, но нема почеток од соништата во Серија А.
Кака се прости од тимот на Орландо во МЛС – лигата, но веќе има две понуди за продолжување на кариерата. Едната е од бразилскиот Сао Паоло, но втората и секако многу попривлечна е од Милан.
Раководството на клубот му нуди да го одигра вториот дел од сезоната во дресот на „росонерите“, каде и ја изгради својата блескава кариера, а потоа да стане еден од директорите во клубот, работејќи заедно со Фасоне и со Мирабели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА