Рикардо Кака и официјално му кажа збогум на играњето фудбал, обелоденувајќи дека ја завршува својата играчка кариера. Легендарниот Бразилец последниот натпревар го одигра пред неколку месеци во дресот на Орландо во МЛС-лигата, а иако имаше неколку понуди за продолжување на кариерата, во татковината или во тимот на Милан, тој на крајот сепак реши да ги закачи копачките на клин.
Кака својата одлука ја обелодени преку официјалните мрежи, со постирана фотографија од него во маица со порака „Му припаѓам на Исус“.
„Оче, Ова беше многу повеќе од она што можев да го замислам. Ти благодарам! Сега сум подготвен за наредното патешествие. Во името на Исус. Амин“ – порача Кака.
Father,It was much more than I could ever imagined. Thank you! I’m now ready for the next journey. In Jesus name. Amem.
Pai,Foi muito mais do que eu pedi ou imaginei!Obrigado! Eis-me aqui para próxima jornada. Em nome de Jesus. Amém. pic.twitter.com/PofZBAV0BE
— Kaka (@KAKA) December 17, 2017
Речиси сигурно е дека Кака ќе остане дел од овој спорт, откако Милан веќе му понуди улога како директор во клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА