Арсенал во првото коло од Групата Х во Лигата на Европа во Лондон славаше против Келн со 3-1, и покрај тоа што имаше негатива по првото полувреме.
Мечот беше одигран до доцна во ноќта пролонгиран еден час, поради безбедносни причини.
Поведоа гостите со голот на Кордоба уште во 9. минута, а потоа пресвртот следеше во вториот дел со влегувањето на Сеад Колашинац – момчето за пресврт. Најпрво Колашинац погоди во 49. минута за израмнување на резултатот, а потоа Санчез и Беларин со два гола, во 62. минута и 87. минута се погрижија за првите три бода на Арсенал во Лигата на Европа…
Arsenal 3-1 FC Koln Goals & Highlights 14.09… by Soccer_LENS
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА