Како Баковиќ му ја донесе победата на МЗТ Скопје (видео)

Марко Баковиќ ја имаше улогата на херој во денешниот триумф што МЗТ Скопје го забележа против Војводина, победа со која „металците“ се искачија на делба на третото место во АБА2-лигата.

Крилниот кошаркар од БиХ го одигра својот најдобар меч во дресот на МЗТ, а најдоброто го освои за самиот крај. Имено, во последните 90 секунди Баковиќ блесна на двата краја од теренот, најпрвин имаше фантастично забивање по офанзивен скок, па супер-значајна блоката во сопствениот рекет, за овој кошаркар потоа на десетина секунди до крајот со прецизен шут да ја запечати победата на „металците“.

Погледнете ги овие клучни моменти во кои Баковиќ беше на висина на задачата и му ја донесе победата на МЗТ Скопје..

Се вчитува...