Како Банега го полуде Конте – перика или вистинска коса?

Антонио Конте ги загуби нервите за време на синоќешното финале против Севилја, тренерот на Интер доби жолт картон и едвај беше смирен од помошниците на клупата, а според „Газета дело спорт“ главен виновник за инцидентот бил Евен Банега.

Аргентинецот влегол во вербален конфликт со противничкиот стратег уште во текот на првото полувреме, порачувајќи му да замолчи по честите критики на Конте за судиските одлуки. Тензијата кулминирала во второто полувреме, кога тренерот на Интер му порачал на Банега дека „ќе поразговара со него по натпреварот“.

Асот на Севилја не останал должен, па се осврнал на имиџот на тренерот, гестикулирајќи дека „би сакал да провери дали тренерот на Интер има вистинска коса, или носи перика“.

Се вчитува...