Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, повторно со „отровни стрели“ кон Барселона, овој пат критикувајќи ја финансиска состојба во каталонскиот клуб.
Хенес, гостувајќи на подкаст, ги анализираше меѓународните натпреварувања на Баерн, а посебен избор имаше за Барселона.
„Во која било друга земја, тие повеќе не би биле во Првата фудбалска лига. Кога имате 1,3 милијарди евра долг, како воопшто може да функционира? Апсурдно и несфатливо ми е што тие сè уште играат во најсилната лига во Шпанија. Тоа е модел на клуб што никогаш не би го почитувал. Во нормална земја, клуб управуван на таков начин не би бил ни блиску до првиот ранг. Искрено, чудо е што сè уште им е дозволено да играат во највисокиот ранг“, рече Хенес.
Со таков бизнис модел, верува Хенес, Барселона нема да преживее во Бундеслигата.
„Строгите германски правила за лиценцирање и притисоците од ревизија веднаш би го парализирале клубот со долг од 1,3 милијарди евра.“
Хенес, кој помина година и пол во затвор поради затајување данок, потсети дека со години Барселона троши повеќе пари отколку што заработува, но сепак е ненарушена во елитните редови на шпанскиот фудбал.
„Моделот на управување на Барселона не е по мој вкус. Тој е во целосна спротивност со контролата што ја имаме во Баерн и нашата добра финансиска состојба, што треба да биде пример за европските клубови. Јасно е дека солидното управување, добрите финансиски критериуми и спортскиот квалитет што не зависат од ризични маневри на управувањето прават разлика“, заклучи Хенес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

