Без отсустните Кевин Дурент и Кајри Ирвинг, Бруклин на крилјата на Џејмс Харден стигна до 18 победа во сезоната откако славеше против Феникс со 124-128. Домаќините имаа предност од 24 поени во еден дел од натпреварот, во последните минути влегоа со позитива од +8 (124–116), но во вистински момент распали Харден.
Преку супер-ѕвездата, која имаше и помош од Џеф Грин, Бруклин направи серија од 12-0 и стигна до својата 18 победа во сезоната. „Брадата“ натпреварот го заврши со 38 поени, 11 асистенции и 7 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

