Како „брз воз“: Трчаше 70 метри, па со неверојатно промашување… (ВИДЕО)

Левокрилниот дефанзивец на Милан, Тео Хернандез на синоќешниот натпревар против Лацио потврди дека се работи за фантастичен фудбалер кого го краси продорност, брзина и сила.

Остана впечатлив моментот во 80. минута кога 22-годишниот фудбалер претрча 90 метри. Французинот со топка во нозете успеа да наниже серија фудбалери на Лацио се до противничкиот гол, но заборави на завршницата.

Одличниот Хернандез успеа од седум-осум метри, осамен пред противничкиот чувар на мрежата, да шутне покрај голот. Неверицата на неговото лице најдобро зборува за какво промашување станува збор…

Се вчитува...