Фудбалерите на Полска во 1/8 финалето ќе игра против актуелниот светски првак Франција. Една од најголемите закани ќе биде Килијан Мбапе.
За него зборуваше и полскиот напаѓач Аркадиуш Милик, кој се појави на денешната прес-конференција на селекцијата пред натпреварот.
„Како да се браниме против Килијан Мбапе? Мораме да бидеме брзи, ќе ни треба скутер да го стигнеме. Тешко е да се игра против еден од најдобрите во светот. Мора да се браниме како екипа, затоа што никој не може да го стигне“, рече Милик.
Полска и Франција играат во недела во 16 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА