Како да освои титула во НБА: Погледнете го славјето на Јокиќ за победа на коњска трка (ВИДЕО)

Никола Јокиќ, српскиот кошаркар кој со успех настапува во НБА лигата бранејќи ги боите на Денвер Нагетс вчера имаше причина за славје, но не поврзано со кошарката.

Имено, Јокиќ кој важи за голем љубител на коњските трки конечно се израдува на победа на еден свој претставник. На Петровданската трка со коњи славеше коњот на Јокиќ со назив Арагорн што наиде на огромно задоволство на српскиот кошаркар.

На социјалните мрежи веќе започнаа и шеги на страна на Јокиќ кој се чини дека повеќе и се израдува на победата на коњската трка отколку на освојувањето на титулата во НБА лигата.

Се вчитува...