Арсенал во 18. коло од Премиер лигата одигра фантастичен натпревар победувајќи на гостувањето против Свонси со 0-4. Стрелец на четвртиот гол беше Алексис Санчез, кого менаџерот Арсена Венгер се одлучи да го одмори веднаш по постигнатиот гол, повлекувајќи го од игра…
Но, Санчез се погрижи да се најде во центарот на вниманието на јавноста со неговата неочекувана реакција при напуштањето на играта. 27-годишниот Чилеанец не ја прифати добро одлуката за замена, па излегувајќи од игра најпрво бесно ги шутираше своите ракавици, а потоа луто седна на клубот, се покри со јакна на главата, и така го мина остатокот од натпреварот. Лут и фрустриран, како десетгодишно дете…
Alexis Sanchez's frustration at being substituted by videosansebastian
Венгер по мечот не сакаше да открие дали ќе има казна за својата ѕвезда…
„Секој играч е фрустриран кога ќе се извади од игра, некои тоа го покажуваат, а некои не. Доволно долго сум во оваа работа за да го знам тоа. Јас едноставно носам одлука за која мислам дека е исправна, и тоа е тоа. Ништо повеќе од тоа“ – ја смири Венгер ситуацијата по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА