Младиот кошаркар на Сан Антонио Спурс Лони Вокер го промени својот препознатлив изглед објаснувајќи зошто го почнал целиот експеримент со неговата коса.
„Косата почнав да ја пуштам во петто одделение бидејќи тоа ми беше начин да се сокријам. Во текот на летните денови бев со поширокото семејство. Имињата ќе ги изоставам, но бев сексуално злоупотребуван, силуван и искористуван. Се навикнав на сето тоа и мислев дека е нормално, бидејќи во тие години не знаеш што е правилно. Косата беше нешто што можев да контролирам, да од неа правам нешто што е мое. Тоа ми даваше самодоверба. Поради пандемијата од коронавирусот почнаа да ми се враќаат демоните од детството. Се пронајдов самиот себе и успеав да им простам на сите. Ја променив фризурата како би ги исфрлил демоните од детството. Пронајдов мир и внатрешна среќа“, изјави Вокер.
Вокер пред прекинот на сезоната во НБА просечно постигнуваше по 5,6 поени по натпревар.
View this post on Instagram
Trigger warning: Lonnie Walker opens up about the story behind his hair and why he cut it.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА