ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски
Македонија реди победи на Европското првенство во Хрватска. По Словенија, под налетите на македонски ракометни херои падна и Црна Гора. На семафорот остана забележано 29-28 за Македонија, а на табелата по две кола, нашиот национален тим се наоѓа на првото место, со максимален ефект. Во третото коло претстои дуел со Германија. Нека му ја мислат сега Германците…!
Многу возбуда донесе и овој втор натпревар. Можеби очекувавме и полесен триумф, но Црногорците не се предаваа до последен момент. Во првото полувреме имаа свои одлични моменти, го заокружија со предност од еден гол (16-15). Но, во вториот дел се разигра и Македонија. Блесна Филип Кузмановски, покажа уште еднаш срце јуначко Филип Миркуловски, клучни голови повторно постигна и Филип Лазаров. Македонија е силен тим, со голема длабочина во својот ростер.
Како е добро…да си победиш еднаш, и уште еднаш…Дајте ја Германија!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА