Дејан Милојевиќ трагично го загуби животот по срцевиот удар претрпен во САД, а српските медиуми се потсетуваат на легендарните изјави и коментари на овој одличен тренер, но пред се фантастичен човек и позитивна личност.
Така, актуелно стана едно негово гостување на подкаст емисија пред нешто повеќе од една година, во која Милојевиќ говореше на најразлични теми, потенцирајќи дека секогаш му било важно да ужива во животот.
„Јас отидов во Валенсија да.. прво да играм повеќе. Второ, за поубав живот, моето семејство живееше поубаво, на сите ни беше поубаво иако заработивме помалку пари. Од Валенсија отидов во Галатасарај, исто така ми беше супер бидејќи живеев во прекрасен град. Јас повторно одбрав да живеам убаво. Сега сум во Сан Франциско и пак ми е супер. Знам дека многу луѓе размислуваат како треба да се гради кариера, да се заработува, но јас не се грижам за тоа. Луѓе, па еден живот имаме и треба да гледаме да уживаме во него што повеќе, од различни аспекти. Јас сум убеден дека нема добро да си ја вршам работата ако не сум задоволен од својот живот надвор од кошарката“, говореше Милојевиќ.
“Ja sam opet birao da živim lepo.” pic.twitter.com/evLyGu7Qj1
— Flouter (@FlouterNET) January 17, 2024
Уште една потврда за карактерот на овој голем човек е и неговото одбивање да седне на клупата на Партизан во моментите кога многумина сонуваа за таква шанса…
„Точно е, Партизан ме побара, точно е и дека го одбив. Тоа е мој клуб, но јас не сакав да го заменам Душко Вујошевиќ. Тој човек ми имаше многу помогнато во животот и мислам дека не ќе беше во ред да дојдам на негово место“, обелодени пред неколку години Дејан Милојевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

