Производителот на спортска опрема „Најк“ на својата официјална страница објави интересен параграф кој упатува на тоа дека Филипе Кутињо наскоро ќе стане играч на Барселона.
Извонредниот Бразилец уште од летото се поврзува со трансфер на Камп Ноу, меѓутоа Ливерпул ги одби сите понуди за својот играч и Кутињо на крајот сепак остана на „Енфилд“.
Но, Каталонците сепак не се откажуваат од намерата да го донесат Бразилецот во својот состав. А, сега тоа го потврдува и „Најк“
„Филипе Кутињо е подготвен за преселба на „Камп Ноу“. Набавете го својот дрес од Барселона со магичното име. Делувајте брзо“ – објави „Најк“ и ги налути навивачите на Ливерпул.
Набрзо потоа параграфот е избришан, но информацијата веќе се прошири во медиумите низ целиот свет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА