Како што и се очекуваше, согласно и одржувањето на собранијата на општинските фудбалски сојузи, Фудбалската федерација на Македонија изборот за новите раководни органи ќе го одржи следниот месец.
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија денеска го закажа Редовното годишно изборно собрание на ФФМ за 14. март.
Досега единствено поддршка од базата за нов претседателски мандат има актуелниот претседател Муамед Сејдини, под чија палка македонскиот фудбал се избори за најголемиот успех во историјата, пласманот на А-репрезентацијата на Европско првенство.
На состанокот на УО на ФФМ, меѓу другото, се донесе одлука со која е изменета регулативата што се однесува на антидопинг материјата. Сите чинители во фудбалската организација имаат обврска да ги почитуваат и спроведуваат антидопинг правилата на НАДО МКД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

