Пеп Гвардиола пристигна во Премиер-лигата како трофеен стратег, но и каталонскиот стручњак со својата „големина“ не трпи кога го критикуваат. Слабите игри на Манчестер сити придонесоа овој тим да биде далеку зад Челси во трката за титулата, новинарите извлекоа податок дека ова е најслаб старт на една сезона во тренерската кариера на Пеп, посочувајќи го тоа како доказ дека Премиер-лигата сепак е многу потешка од Примера и од Бундес шампионатите.Гвардиола очигледно ова си го зел при срце, па по денешниот триумф над Барнли не беше расположен да даде конкретна изјава за натпреварот, нешто што е задолжително според правилата на Премиер-лигата.Новинарите веднаш направија транскрипција на целиот разговор, покажувајќи како изгледа интервју со Пеп Гвардиола кога тој е нервозен и нерасположен за давање изјави.Новинар: Пеп, што мислите за средбата?Пеп: Победивме. Многу сме среќни. Н: Ќе сакате ли малку подетално да објасните? П: Не, тоа е доволно. Н: Ова беше емотивен ден за играчите, за вас и за навивачите?П: Да, Среќна Нова Година. Н: Што мислите за црвениот картон на Фернандињо?П: Вие сте новинар. Можете да видите и да објасните. Н: Па, јас не сум платен за тоа, ме плаќаат за да ве прашам Вас.П: Ни јас не сум платен. Н: Како ја сменивте тактиката по црвениот картон?П: Одигравме одлично второ полувреме. Н: Погрешивте ли што Агуеро и Силва не играа од почеток? П: Да, да, погрешив. Голема грешка, во право сте. Н: Но тогаш направивте добри замени?П: Да, интелигентен сум. Н: Како ја доживеавте оваа средба се чини дека сте многу емотивни?П: Среќна Нова Година, победивме, многу сме среќни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА