Бундес-лигата е во прекин поради битката против коронавирусот, но за Баерн Минхен нема одмор и во овој период. Периодот во изолација сепак се користи за да се одржува физичката подготвеност. Германскиот првак пред неколку дена објави дека одржува сајбер-тренинг со фудбалерите, а сега го обелодени и видеото. Секој фудбалер ја вклучува камерата од мобилниот телефон, ги гледа инструкциите од кондицискиот тренер и треба да одработи, а сето тоа стигнува кај шефот на стручниот штаб Ханси Флик. Лесно е во денешно време со технологијата…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА