Како изгледа табелата во ЛШ: Манчестер Сити е во зоната за испаѓање

Комплетирано беше и претпоследното коло од Лигата на Шампионите, па на 32-те екипи учеснички им остануваат само уште по 90 минути фудбал за да се обидат да го подобрат пласманот за што подобра стартна позиција пред почетокот на нокаут фазата.

Само за потсетување, првите осум екипи обезбедуваат директно учество во осминафиналето, додека тимовите од 9. до 24. место ќе разигруваат во 1/16 финалето, по што ќе наидат на ривали од овие Топ 8 екипи.

Ливерпул е единствениот тим со максимален ефект и на гигантот од „Енфилд“ му е доволен само еден бод во последното коло, на гостински терен со ПСВ Ајндховен, за да ја заврши групната фаза на чело на табелата.

Она што е најголемо изненадување во моментов – Манчестер Сити на едно коло до крајот се наоѓа во зоната на испаѓање. „Граѓаните“ синоќа во Париз го претрпеа третиот пораз во ЛШ, по првите седум меча имаат само осум бода и се наоѓаат на 25. позиција, прва под линијата за пласман во нокаут рундата.

Сити во последното коло го пречекува Бриж и мора да дојде до цел плен, бидејќи секој поинаков исход би значел и испаѓање на „граѓаните“ од елитното натпреварување.

Многу интересно се очекува да биде и во Штутгарт, каде домаќините ќе го пречекаат ПСЖ во дуел на два тима што со по 10 бода се веднаш над линијата што значи учество во плејофот, па поразениот во оваа пресметка речиси сигурно ќе испадне од Лигата на Шампионите.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...