Како Јакировиќ го избриша Адеми од настапите во Европа?

Тренерот на Динамо Загреб, Сергеј Јакировиќ го избриша капитенот на клубот Аријан Адеми за настапот во шеснаестфиналето на тимот во Конференциската лига на УЕФА.

Сосема изненадувачки Јакировиќ од списокот кој до синоќа мораше да биде предаден во УЕФА го избриша Адеми, а на првичниот список ги дополни новите зимски засилувања, Арбер Хоџа и Јапонецот Огивара. На списокот е дополнети и стоперот Теофил-Катерин кој во Динамо пристигна откако беше заклучен списокот за првиот дел од сезоната.

Хрватските медиуми се изненадени што нема да се смета на Адеми на двата европски натпревари, иако е јасно дека Аријан е далеку од формата во која играше пред да замине во Кина. Сега е далеку посакуваниот ритам, а неговите 32 години го ставаат во подредена улога во однос на помладата конкуренција во тимот.

Динамо Загреб првиот натпревар против Бетис во шеснаестфиналето во Конференциската лига на УЕФА го игра на 15. март, а реваншот е седум дена подоцна во Загреб.

Се вчитува...